ВМРО-ДПМНЕ: Заев, СДСМ и Спасовски единствено што можат е повеќе да лажат, да прават криминал, рекет и корупција
Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ ништо не сработија во овие три години. Наместо да спроведат тоа што го ветуваа во 2016 година, тие создадоа систем на криминал, корупција и рекет. Нивните ветувања од 2016 година не ги реализираа, а сега веќе смислија нови манипулации, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.,
„Видовме дека парите наместо кај граѓаните завршија кај Вице и Зоран Заеви во форма на изрекетирани торби полни со милиони евра. Бидејќи не ги бива за работа, веруваме дека можат повеќе само да изрекетираат и да ја осиромашат Македонија.
Ова нема да помине народот виде дека ветувањето на Заев, Спасовски и СДСМ е само лага запишана на хартија.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ Се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа