ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Георгиевски испраќа порака дека ќе се откаже од македонското малцинство во Бугарија

Зоран Заев преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово реагираше на вчерашната објава на поранешниот лидер на оваа партија и експремиер кој даде предлог-акциски план за подобрување на односите помеѓу Македонија и Бугарија.

„Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во кореспонденцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација. Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие обвинуваат и дека преку Георгиевски, испраќа порака дека ќе се откаже од македонското малцинство во Бугарија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега