ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Николовски не се борат против криминалот, тие го прават криминалот

Никој не е над законот, но очигледно дека Николовски и Заев се над законот.  Апсурдно е лик како Љупчо Николовски кој што се поврзува со непотизам, да води тело, министерство за борба со корупција. Целиот фокус и енергија на Љупчо Николоски е како мафијата на власт да се збогати уште повеќе, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Љупчо Николовски кој што требаше да се бори со корупцијата е заплеткан во низа афери за кои никако да излезе и јавно да одговори. Љупчо Николовски не одговори како тоа негов братучед се вработи во време на криза во Македонска навигација. За Николовски и вработувањата на негови роднини се докажа и во време кога тој беше министер за земјоделство – велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Николовски секојдневно ја злоупотребува неговата позиција. Ако Николовски започнува со расчистување на криминалот и корупцијата нека започне прво од себе и неговиот шеф Зоран Заев. Леглото на корупцијата и криминалот е кај нив двајца. Заев и Николовски не се борат против криминалот, Заев и Николовски го прават криминалот, смета ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2021 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега