ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен лажоман

Вечерва видовме очаен, осамен и арогантен олигарх кој од петни жили се држи за фотелјата, користејќи брутални лаги, притоа непазејќи дека е воочливо дека е контрадикторен самиот со себе. Тој чим зине, веднаш ќе излаже, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Зоран Заев за Сител.

-Наспроти розевите очила и неговите лаги реалноста изгледа вака: Македонија е петта во свет по смртност од КОВИД-19 според Франс прес. Македонија со Заев е хибриден режим што е потврдено од Фридом хаус и трета најсиромашна држава на европскиот континент, според ЕУРОСТАТ. Македонија е  најнесреќна земја во светот потврдено од агенцијата Галуп, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму обвинуваат дека Заев се расфрла со бројки и оти признал дека ја лажел јавноста кога велеше дека во преговори со Полска и Австрија ќе обезбеди вакцини против корона.

-И сега наместо општа вакцинација ќе се вакцинира бројка колку што има жители во едно Злетово. Потоа Заев призна дека директен проблем во разговорите со Бугарија не е само јазикот туку комплетните идентитетски обележја на народот и Македонија. Заев призна дека преговара за идентитетот. Оттука е нејасно зошто Заев се уште преговара кога на маса е идентитетот. Заев е осамен во неговата намера за реформи на наставните програми откажувајќи се од предметот историја што е анациинален потег кој го осудија сите релевантни општествени субјекти. Што се однесува за пописот каков е тој инклузивен попис за кој говори Заев во кој власта не прифати ниту еден амандман на опозицијата. Илузорно е да се верува дека една Германија, Шкотска и Ирска кои го одложија пописот поради корона кризата се помалку спремни од најнеспособната влада на Зоран Заев. Тоа јасно говори дека Заев е подготвен за нов фалсификат кој нема да биде признаен од ВМРО-ДПМНЕ јасно посочувајќи дека доколку Заев еднострано продолжи да го турка овој фалсификат се што е во надлежност и на располагање на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи да го девалвира овој политички попис, се вели во рекцијата.

Во однос на анкетите од партијата велат дека вистината е оти Заев драматично ја губи поддршката и е очаен губитник

-И сосема на крај, срамно е Заев да говори за пожарот во Струмица говорејќи дека Глобал бил симбол за модерните текови, Глобал може да е само симбол на криминалот на Заев за кој беше амнестиран. А тоа ќе биде и криминалот за кој допрва ќе одговара меѓудругото и за пропустите кои доведоа до пожар, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2021 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега