ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори на граѓаните што има ветено на Бугарија и дали е на повидок нова уставна промена

Зоран Заев се што вети излажа. Зоран Заев велеше дека нема да го смени името и се колнеше во најмилото па видовме дека и името на државата, го смени и се откажа од идентитетот, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На Заев не треба да му се верува и секоја изјава да се зема со огромна резерва.

Заев наместо да лаже, нека одговори на македонската јавност што има ветено на Бугарија во 2016-тата година.

Заев треба да одговори дали е точно дека барањето од страна Захариева било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени. Договор во кој ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго.

Зоран Заев како премиер нека собере доблест и храброст да одговори на граѓаните дали е на повидок нова уставна промена“- се порачува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега