ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата, Ковачевски ќе биде пиун на Заев
Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата ќе биде наследник и пиун на Заев, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Димитар Ковачевски е копија на Заев, син на транзициски функционер – градоначалник на Куманово. Ковачевски е заменик министер за финансии кога јавниот долг отиде на 7 милијарди евра. На Ковачевски во финансии му се случи и досега најголема инфлација и економска криза како што не се памети од транзицијата, кога неговиот татко беше функционер. Димитар Ковачевски е пиунот на Заев, и не е никаков нов кадар. Тоа е човекот кој треба да продолжи со погубните и криминални политики на СДСМ и да обезбеди заштита за семејството Заеви. Ковачевски треба да затвори очи пред рекетот на Вице, плантажите со марихуана на Трајче и криминалите на Зоран. Ковачевски е решението за лидер на СДСМ уште пред да се одржи конгресот кој треба да биде фарса на која ќе се одглуми некаков избор, истакнаа од опозициската партија.
Ковачевски е машата на Заев која треба да продолжи со Заевизмот. Сите нив народот ќе ги порази на предвремените парламентарни избори, додаваат од таму
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа