ВМРО-ДПМНЕ: Владата да го прифати нашиот предлог за повисоки плати и пензии

Владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за повисоки плати и пензии, инфлацијата го осиромашува народот. ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе амандман на Законот за минимална плата со кој се предвидува усогласување на платите во јавниот сектор, со што платите на наставниците во основните и средните училишта ќе достигнат 45 илјади денари, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение испратено до медиумите.

-Раст на платите ќе има и на административно техничкиот персонал.

Општ раст на платите е потребен заради лошите економски мерки на СДСМ и инфлацијата која ја предизвикаа. Народот е се посиромашен и потребно е покачување на платите со цел граѓаните да не ја почувствуваат кризата.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе и предлог за покачување на пензиите за 20%.

 

СДСМ да не бега и да ги поддржи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

16.02.2022 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега