Венко Филипче немал желба да ја слави независноста на Македонија, но затоа со еуфорија ја слави бугарската победа на Евровизија,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Веројатно доколку за независноста Филипче не е на екстра продолжен викенд до Дубаи, на приватна журка со Харис Џиновиќ, во Рим, Франкфурт или на луксузна јахта на Халкидики со Зоран Заев, тогаш ќе продолжи со слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев.

Филипче потврди дека по стапките на Заев е спремен на се, само за да дојде на власт.

Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДС, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“.

Филипче и СДС го кочат напредокот на реформската агенда, преку блокирање на работната група за Изборниот законик.

За Венко Филипче европскиот пат е алиби за прифаќање се и сешто, на штета на националните интереси, само СДС да се дограби до власта, а Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка.

Токму продолжувањето на поданичката политика на Заев и сервилноста на Филипче, ја доведоа СДС до четврта партија во Македонија, а Филипче е меѓу политичарите со најниска доверба од граѓаните.

Влезот на Македонија во ЕУ треба и мора да биде достоинствен, како што прилега на една држава, со исполнети Копенхашки критериуми, а не понижена со национални и идентитетски отстапки.

На Македонија и се потребни политичари кои имаат план стратегија и визија за државата и кои ги штитат државните интереси, СДС и Венко Филипче не го нудат тоа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version