ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е неспособен, кај нас криминалот цвета, а бандити хараат по улиците

„Неспособноста на Оливер Спасовски е безбедносен проблем во државата. Криминалот цвета, бандити хараат по улиците, а во последниот случај со Арачиново тие веќе беснеат и во  самите полициски пунктови. Имено пред три дена вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи“. Оваа порака ја испраќаат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено во медиумите во врска со вчерашната случка во Арачиново, за која медиумите пренесоа дека полицајци биле избркани од тоа место од страна на вооружена криминална група на граѓани.
 
„Ваков случај веројатно е единствен во Европа. Да биде потрагично Спасовски овој случај го релативизира со цел да го прикрие. Речиси по правило кога ќе излезе некој скандал во полицијата се вади на манипулации и шпекулации.Јавноста е сведок на повторување на епизодата со „пајакот“ .Впрочем Спасовски и тогаш и сега не застана во одбрана на полициските службеници директно заштитувајќи противзаконско и насилничко однесување. 
 
Ваквата дрскост на бандитите е резултат на заштитата која ја имаат во врвот на МВР.  Затоа Спасовски молчи за овој скандал исто како што го забошотува и случајот со самоволието на децата на полициските функционери, исто како што молчи и за државјанството на Онишченко, исто како што го забошотуваше скандалот со 215 оригинални пасоши за белосветски мафијаши“, стои во соопштението на опозициската партија.
 
Спасовски требаше да си поднесе оставка уште вчера после сите скандали и афери за кои е директно одговорен. Тој премолчува и заштитува кршење на законите и тоа го прави директна закана по редот и мирот во Македонија, се додава во соопштението.

 

03.12.2022 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега