ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали дека работи, во град кој тоне во смет, а загаденоста има последици по здравјето на граѓаните, скопјани ќе ги дишат лампионите
Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, работа која Градот Скопје треба да ја врши редовно, затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот. А Шилегов се фали дека е спремен за снег, во ситуација кога има најмалку четири општини во Градот Скопје во моментов во кои загаденоста е на највисоко ниво, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата реагираат и велат дека лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз кој најголем дел од граѓаните на Скопје не можат да си го дозволат, па се принудени да се гушат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици по животот од нечистиот воздух, за што Шилегов нема мрднато со прст.
„Шилегов потроши три години на сликање и терање пропаганда, а не реализираше ниту еден од проектите кои ги вети на скопјани. Урбанистичкото насилие продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, има се повеќе сообраќајни гужви, а ветувањата како „Град без смог“ остана во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони“ наведуваат во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа