ВМРО-ДПМНЕ: Се плашат ли Ковачевски и Спасовски дека ДУИ ќе излезе од влада, па молчат за пукањето на заменик директорот на БЈБ?

 

 

ВМРО-ДПМНЕ објави соопштение во кое прашува дали Ковачевски и Спасовски се плашат дека ДУИ ќе излезе од Влада.

„Се плашат ли Ковачевски и Спасовски дека ДУИ ќе излезе од влада, па молчат за пукањето на заменик директорот на БЈБ?

Според информациите кои ги објавија медиумите, Ариф, заменик директор на Бирото за јавна безбедност, придружуван од уште едно лице по меѓусебна расправија со началникот на ЕБР Чаир, Едмонд Миртезани, се пресметале со пукање од огнено оружје.

Зошто случајот и три дена откако се случил се уште не е расчистен. И зошто не се преземени мерки за суспендирање на заменик директорот на БЈБ?

Дали Спасовски и Ковачевски се плашат од ДУИ и само за да не излезат од влада, се спремни да премолчат секаков криминал и скандал?

Спасовски исто како и Ковачевски е заробеник на ДУИ и желбата за власт.

 

Македонија со СДСМ само губи. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
25.05.2022 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега