ВМРО-ДПМНЕ се окрупнува против лагите криминалот и мафијата на Заев
Обединувањето на раководни структури на Интегра и ВМРО-ДПМНЕ единствено го осуди СДСМ затоа што претставува неуспех на нивната политика и платените инсталации да предизвикаат процеп на опозициското ткиво, велат во соопштеие од ВМРО-ДПМНЕ.
- Очигледно работите стануваат јасни дека Зоран Заев станува осамен во неговата фотелја опркужен со климаци на глава кои го потхрануваат неговото его и го залажуваат дека народот јаде колачи кога нема ниту за леб. Заев може да биде добар Барон Михаузен но не и народен лидер. Окрупнувањето на опозицискиот блок значи дека власта е на стаклени нозе и прашање на време е кога Заев ќе падне а мафијата ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека распределбата на првиот и вториот ешалон на владините ресори потврдува дека криминалците од СДС и ДУИ ги интересира само пари, власт и тендери, додека народот осиромашува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа