ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фалат со раст на платите, а 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари

Срамно е СДСМ да пушта соопштение и да се фали пред народот дека нивните политики обезбедуваат раст на платите во време на кризата поврзана со КОВИД-19, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради погубните политики од месец март односно од почетокот на корона кризата до сега над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без своите приходи. Се фалат дека платите растат, а во државата околу 100.000 граѓани  живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари. Во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра. Без никаков срам СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓаните односно ја покачија сметката за струја за 7.4%, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза.

-Оваа криминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега