Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на следните избори ќе освојат помалку од 100.000 гласа

    31.03.2026 во 10:29

    Дамјан Гацов – Прв и најмлад Македонец помошник-тренер на универзитетски тим во САД

    31.03.2026 во 10:23

    Го барале со потерница: Тетовчанец ќе лежи во затвор

    31.03.2026 во 10:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на следните избори ќе освојат помалку од 100.000 гласа
    • Дамјан Гацов – Прв и најмлад Македонец помошник-тренер на универзитетски тим во САД
    • Го барале со потерница: Тетовчанец ќе лежи во затвор
    • Ужас ја потресе Македонија: Син осомничен за убиство, лажел дека таткото паднал во бања
    • Денес се празнува Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски
    • Наскоро споен викенд – Следуваат 4 дена за одмор
    • Белата куќа до Иран: Не нè лажете, многу ваши лидери веќе не се меѓу живите поради тоа
    • ВИДЕО: Мечка се прошета на паркинг во Ростуше
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на следните избори ќе освојат помалку од 100.000 гласа

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на следните избори ќе освојат помалку од 100.000 гласа

    31.03.2026 во 10:293 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Историски најниска доверба од граѓаните за СДС и Венко Филипче. Лошата комуникациска стратегија, небулозните соопштенија и прес-конференции полни со клевети, навреди и непристоен речник доведоа до пад на рејтингот на партијата и министерот на 4,9% односно 3,6%. Сепак, Венко Филипче не покажува загриженост за својот и за рејтингот на СДС, кој континуирано опаѓа од анкета до анкета. Посебно негативно се оценува менаџментот на новиот партиски ПР-шеф, Башановиќ, чија комуникација, според критичарите, не ги достигна очекувањата и целосно потфрли, додека Филипче продолжува да функционира во свој „паралелен универзум“, ова го велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено за јавноста.

    Со месеци ги слушавме СДС и Филипче како, по којзнае кој пат, ги лажеа граѓаните како новите анкети ќе покажат дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните паѓа, додека, пак, кон СДС се зголемувала.

    И тоа со месеци го повторуваа на лажните прес-конференции и по јавните настапи.

    Но, последното истражување на јавното мислење откри уште една лага на СДС, со што повеќе од јасно е дека на следните избори оваа партија на чело со Филипче, ќе се соочи со многу лош резултат, од оној од последните изборни циклуси. 

    Тоа значи, дека нема да биде изненадување за никој доколку СДС на следните избори освојат и помалку од 100.000 гласови. Тоа го покажуваат и резултатите од последната анкета.

    Тоа што е позагрижувачки, е што на Бихаќка никако да им дојде памет дека треба да ги променат политиките и да ги променат новите ПР шефови Башановиќ и Шчекиќ, луѓе кои по насока на Заев се таму и го уништуваат СДС.

    А, тој што свесно го дозволува уништувањето на СДС, е токму Венко Филипче кој тоа го прави по насока и целосна послушност кон Зоран Заев.

    Послушноста на Филипче кон Заев се гледа и по што негови луѓе се дел од таканаречените нови партиски структури, меѓу кои е и Стојан Коциров кој до пред само некоја година како директор ја водеше фирмата блиска до семејството Заеви, поточно Вице Заев, Сара Инженеринг ДОО Струмица.

    Се поизвесно е дека СДС ќе продолжи да тоне со ова раководство предводено од Венко Филипче, кое нема намера ниту да спроведе внатрепартиска кадровска реформа, ниту, пак, да се огради од Зоран Заев.

    Партија со највисока доверба кај граѓаните од 24% и понатаму продолжува да биде ВМРО-ДПМНЕ, што е резултат на досегашната работа, реализирани проекти и исполнети ветувања.

    Граѓаните добро знаат да направат разлика и токму затоа, продолжуваме со исто темпо на работа, нови проекти и успешни мерки за сите граѓани.

    Популарно

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на следните избори ќе освојат помалку од 100.000 гласа

    31.03.2026 во 10:29

    Дамјан Гацов – Прв и најмлад Македонец помошник-тренер на универзитетски тим во САД

    31.03.2026 во 10:23

    Го барале со потерница: Тетовчанец ќе лежи во затвор

    31.03.2026 во 10:06

    Ужас ја потресе Македонија: Син осомничен за убиство, лажел дека таткото паднал во бања

    31.03.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.