Единствена паника која ја има ВМРО-ДПМНЕ во моментов е поради очигледната непресметливост и забеганост на раководството на СДСМ кое одобрува вакви соопштенија во кои се гледа дека не само што не ја сфатиле пораката на народот и на своите членови, туку живеат во паралелен универзум на халуцинации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Навистина жално. Каков крај.

Ги повикуваме граѓаните да го видат ова лице на СДСМ кое не само што не ја разбира пораката од изборите туку и ја потценува и навредува. Затоа треба да се казнат во вториот круг, и потоа ако продолжат со халуцинациите ќе мора да бидат отрезнети со реалноста која нема да им биде пријатна. 

И потсетуваме на вчерашната изјава на премиерот Мицкоски, ако се толку сигурни во тоа дека со намалување на бројот на советници, и гласови и паѓање на најниското историско ниво на таа партија а на чекор пред тотален распад кој вака ако продолжат е неминовен, сепак нека се охрабрат и нека поднесат барање за предвремени избори во парламентот, и ќе видиме каков епилог ќе има тоа.

Во меѓувреме помалку печурки, повеќе фокус на реалноста и на вистинските пораки од народот. И да се надеваме дека ќе ви помине“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version