ВМРО-ДПМНЕ: СДС за директор на Центарот за социјални работи Радовиш враќа наркодилер и алкохоличар

 


СДС криминална за директор на Центарот за социјални работи Радовиш враќа наркодилер и алкохоличар, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Директорот на меѓуопштински ЦСР Радовиш од СДС, Александар Филев, откако беше разрешен затоа што е фатен во трговија со дрога, за неколку дена потоа пијан да нападне полицајци среде полициска станица е вратен во Центарот за социјална работа.

Филев наместо да користи услуги од Центарот тој е вратен на местото директор со одлука на влада.

Што треба да заврши овој насилник, наркодилер и алкохоличар за СДС?

Дали СДС се толку очајни што им е важен глас повеќе, па макар и од криминалец како Филев или со неговото враќање кријат нешто?

Времето кога криминалци, наркодилери и алкохоличари управуваат со институции завршува на 8-ми мај. Народот си ја враќа државата. Македонија повторно ќе биде горда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

11.04.2024 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега