Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп по нападот врз Иран: Прекинете ги сите деловни врски со Шпанија

    04.03.2026 во 11:09

    Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово

    04.03.2026 во 10:52

    Ревизија: Во министерството на Груби 61% од вработените не се знае дали оделе на работа

    04.03.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп по нападот врз Иран: Прекинете ги сите деловни врски со Шпанија
    • Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово
    • Ревизија: Во министерството на Груби 61% од вработените не се знае дали оделе на работа
    • Ја бараа со денови па ја најдоа закопана во двор – Судење за убиството во Штип
    • Крвав бран на Блискиот Исток: Шест загинати во Либан, дете жртва во Кувајт
    • Изгоре легендарниот штипски ресторан – Правеа една од најдобрите пастрмајлии
    • Одговор на иранскиот напад: Британија го испраќа моќниот „ХМС Драгон“ на Кипар
    • Вучиќ не губи време: Нова тура српски патници заглавени од ОАЕ слетаа во Белград
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС водеше антидржавничка политика за остварување на бизнис интереси

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС водеше антидржавничка политика за остварување на бизнис интереси

    04.03.2026 во 09:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДС, Венко Филипче, Зоран Заев за остварување на свои лични интереси, водеа антидржавна политика. Самопрогласените про ЕУ и НАТО, Филипче и Заев во прегратките на руски олигарх и близок соработник на Путин, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Додека СДС на Филипче и Заев беше на, македонско државјанство му дале на рускиот олигарх, Александар Онишченко и му овозможи во државата да тера бизниси.

    Онишченко е човек осуден на казна затвор од 15 години за перење пари и корупција и член и пратеник на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.

    За скандалот да биде поголем, владата предводена од СДС го вдоми во Македонија и му даде пасош, во период кога Онишченко беше баран со меѓународна потерница од Украина и кога ниедна држава не го прими и не му даде престој.

    Ама, затоа пак, СДС на Филипче и Заев беа тука широко да му ја отворат вратата на рускиот бизнис и на Путин, за преку Македонија да прават пари во Европа.

    СДС, Филипче и Заев наместо да ги штитат македонските интереси водеа антидржавна политика и доделуваа државјанства на руски олигарси, луѓе блиски до Владимир Путин и од него ги дели само еден телефонски повик.

    Но, таквите игри и комбинации на СДС со Русија преку македонските институции ја прекина ВМРО-ДПМНЕ и тоа повеќе нема да биде случај.

    Заврши времето кога СДС со предавничко и антидржавничко однесување ги остваруваше бизнис интереси на Филипче и Заев.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08

    Пошумување на опожарена површина на Голак

    03.03.2026 во 21:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.