СДС со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат и ги влечат конците зад сцената. СДС користи надворешна ПР поддршка за креирање на соопштенија и прес-конференции со кои ја манипулира јавноста. Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев има клучна улога во ПР тимот на СДС и Филипче. Зоран Заев стои зад ангажирањето на ПР структурата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС.
Милан Счекич е лице задолжено за креирање на комуникациите, човек кој работи во српската ПР агенција “Ај медија” (Eye Media), а преку Башановиќ и Заев е понуден да работи за СДС.
ПР активностите се координирани и водени од Скопје, екс советникот на Заев, Зоран Башановиќ и Милан Счекич, се сместени во скопскиот хотел Парк и од таму го водат центарот за лаги на СДС.
Токму затоа СДС е толку многу опседната со СНС и Србија. Вклученоста на странски ПР структури и лица, меѓу кои и Милан Счекич, отвораат сериозна дилема за транспарентноста и автентичноста на пораките што СДС ги пласира во јавноста.
Граѓаните заслужуваат вистина, а не конструирани наративи, навреди и манипулации. Политичката комуникација треба да се темели на факти, аргументи и отчетност, а не на сценарија креирани однадвор и странски институции спротивно на интересите на државата.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на транспарентност, отчетност и комуникација заснована на вистината и интересот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


