Close Menu
Press24
    Најново

    Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС со помалку гласови од лани, Радичевски ја зголеми поддршката

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС со помалку гласови од лани, Радичевски ја зголеми поддршката

    19.10.2026 во 09:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Резултатите од изборите во Брвеница покажуваат дека СДС има послаб резултат во споредба со минатогодишните локални избори, додека ВМРО-ДПМНЕ бележи значителен раст на поддршката, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата посочуваат дека СДС на вчерашните избори освоил 706 гласа за својот кандидат за градоначалник, што е за 57 гласа помалку од 763-те гласови што истиот кандидат ги добил минатата година како носител на советничката листа.

    „Истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Наспроти тоа, според партиските податоци, ВМРО-ДПМНЕ остварило раст на поддршката. Минатата година советничката листа на партијата освоила 2.371 глас, додека на вчерашните избори за кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски гласале 2.943 граѓани.

    Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека овие бројки покажуваат зголемена поддршка за нивниот кандидат и отфрлаат дека СДС остварил подобар резултат во споредба со претходните локални избори.

    Just In Top News Влада Мицкоски
    Прочитај повеќе

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

    29.10.2026 во 16:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.