ВМРО-ДПМНЕ: СДС не знае како да ја оправда егзотичната винска екскурзија на Ковачевски
СДС се користи со конструкции и лаги, за да дефокусира од својата неспособност и криминал, но и од егзотичната винска екскурзија на Ковачевски, платена со народни пари. СДС не може да се помири со фактот дека локалната самоуправа има три пати повисок рејтинг од централната власт и владата на Ковачевски. СДС не може да се помират со тоа што на локално ниво се гради, а централната власт нема изработено ништо. СДС не може да прифати дека после две години градоначалниците немаат ниту еден коруптивен скандал, за разлика од нивните владини функционери кои се поврзуваат со криминални афери на дневна основа. Денес јавноста очекуваше СДС да излезе со одговор каде завршиле рубљите од пајташот на владата на СДС, Дака Давидовиќ кој е ставен на црната листа на САД, заедно со нивниот градоначалник Рамиз Мерко, велат во реакција на прес конференцијата на СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа