Во СДС ништо не се менува, со години наназад јавноста има можност да ја види насилничката матрица на членови и активисти од редовите на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Позади реториката за европски вредности на СДС и Филипче, се крие вистинското лице на СДС, каде што кандидати за советници тепаат луѓе.

Додека Филипче и СДС прокламираат европски вредности на говорница, насилниците блиски до структурите на СДС се закануваат, тепаат и малтретираат граѓани.

СДС си го покажа вистинското лице, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани. Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица.

СДС не нуди програма, план и визија туку насилници и тепачи.

Друг таков пример е и градоначалникот тепач од Крива Паланка, кој освен што е насилник исто така ја злоупотребувал и службената положба и овластување.

Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка, во слободно време во видно алкохолизирана состојба се однесувал како шериф и тепал припадник на МВР.

Долга е низата на насилници од редовите на СДС.

Таков случај е и советникот Аки Акимов од СДС кој делеше тупаници во Советот на Кочани и јавно се закануваше. Акимов може да се види во прегратките на Венко Филипче на фотографии, но Филипче не се огради ниту од овој случај на насилство.

Филипче јавно да се огради од насилниците кои се дел од структурите на СДС. Насилниците во редовите на СДС се традиција.

Луѓето како Христијан Ефтимов и Илија Стојанов не смеат да бидат иднина на државата, локалното раководство на СДС да се огради и да го осуди настанот.

На Струмица и се потребни промени, а не насилници кои се служат со примитивни методи“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Leave A Reply

Exit mobile version