ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ, Ковачевски и Артан се грнче и капаче на бандитизмот во Македонија

„Секогаш кога Артан Груби и ДУИ ќе биде фатен во криминал, обвинуваат или со лажни вести или за антиалбанство.

Има ли поголема антиалбанска и антимакедонска партија од ДУИ и СДС.

Едната главата на криминалот 22 години, другата главен подизведувач на истиот.

Ковачевски е чиракот, а Груби мајсторот за криминал. ДУИ е претворена во приватна касаба на Артан Груби.

Нема тендер од кој ДУИ и СДС не профитираат. Ковачевски со кумот профитира од бизнисите со соларни панели, а Груби со брат му од тежок нафтен криминал.

Грнче и капаче на бандитизмот во Македонија. Тој бандитизам мора да биде жестоко поразен.“-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

28.02.2023 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега