Close Menu
Press24
    Најново

    Аларм во Британија: Менингитис усмрти двајца студенти, се делат антибиотици на стотици луѓе

    16.03.2026 во 17:47

    Деца на 3 и 4 години итно пренесени на скопските клиники: Се затруле од течност за земјоделски култрули

    16.03.2026 во 17:33

    Колони автомобили за гориво – сите сакаат да платат поевтино

    16.03.2026 во 17:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Аларм во Британија: Менингитис усмрти двајца студенти, се делат антибиотици на стотици луѓе
    • Деца на 3 и 4 години итно пренесени на скопските клиники: Се затруле од течност за земјоделски култрули
    • Колони автомобили за гориво – сите сакаат да платат поевтино
    • Техеран во урнатини: Израел со прецизен напад го срамни со земја Иранскиот институт за вселенски истражувања
    • Германија со јасен став до Вашингтон: Конфликтот со Иран не е војна на НАТО
    • Голем дел од Скопје утре без струја – еве кои улици и села се на списокот
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС го остави ЕСМ со загуба од 140 милиони евра, а сега глумат загриженост за струјата
    • СДСМ со итни барања до Владата: Намалете го ДДВ-то за горивата и храната за да се спречи ценовен шок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС го остави ЕСМ со загуба од 140 милиони евра, а сега глумат загриженост за струјата

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС го остави ЕСМ со загуба од 140 милиони евра, а сега глумат загриженост за струјата

    16.03.2026 во 16:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДС манифестира еклатантно лицемерие и бесрамност кога си зема за право да ги коментира состојбите во енергетиката, особено кога се дрзнува да зборува за РЕК Битола и намаленото домашно производство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Токму криминогеноста и незаситната алчност на нивните кадри, ги оставија АД ЕСМ и РЕК Битола во катастрофална состојба. Со нивните криминални тендери во РЕК Битола си ги наполнија џебовите и станаа светски бизнисмени на релација Нов Зеланд-Дубаи, а домашните производствени капацитети ги оставија во пустош.

    Има ли некој свесен во СДС да признае дека нивната деструктивна политика го доведе целиот енергетски систем до колапс? Чувствува ли некој таму трошка вина за криминалните шеми, чија единствена цел беше лично богатење на „фамилијата“?

    Кога СДС денес глуми загриженост за сметките за струја, кои и покрај нивниот пустош останаа стабилни, должни се да одговорат зошто го оставија ЕСМ со загуби од 140 милиони евра и долгови кон добавувачи од 80 милиони евра? Зошто го направија РЕК Битола зависен од скап увозен јаглен и зошто дозволија цената на произведената струја да достигне неверојатни 140 евра за мегават час?

    Да е лакрдијата поголема, додека системски го уништувале ЕСМ, во истиот период 2017-2024 година искрадиле милијарди денари од ЕСМ, за што веќе се процесирани пријави за кривично гонење за 16 предмети само од РЕК Битола, а тој број секојдневно расте.

    Веруваме дека надлежните институции ќе ги изведат пред лицето на правдата сите виновници кои го загрозија енергетскиот систем, вклучувајќи ги и нивните „големи директори“ Васко Ковачевски – Колбасо и Пеце Матевски – Хармоникашо, кои се директно одговорни за урнисувањето на комбинатот.

    Оттука на СДС им порачуваме, лажните душегрижници нема да поминат неказнето за системското уништување на македонската енергетика.

    Впрочем, набавката на електрична енергија е токму последица на нивното катастрофално управување со домашниот електроенергетски систем.

    Тоа што СДС го уништи во периодот 2017-2024 година е невозможно да се санира за кратко време. Но и покрај тоа што изминативе година и половина интензивно се работи на обнова и враќање на производните капацитети во нормална состојба и на целосна консолидација на ЕСМ, која СДС буквално ја претворија во загубар, по што и цената на електричната енергија за граѓаните остана стабилна“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Трчајте на бензинска: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат од полноќ

    16.03.2026 во 12:51

    Нафтата драстично поскапе

    16.03.2026 во 09:25

    Трамп со ултиматум до НАТО: Помогнете во Ормутскиот теснец или Алијансата ја чека „многу лоша“ иднина

    16.03.2026 во 09:23

    Падна вработен во велешка банка: „Испразнил“ туѓа сметка, си подигнал 249.990 денари

    16.03.2026 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.