ВМРО-ДПМНЕ: СДС е највознемирен од осуетениот план на оската ДУИ-СДС и Груевски

„СДС е највознемирен од осуетениот план на оската ДУИ-СДС и Груевски и тоа поради две работи, прво затоа што им пропадна планот за уставни измени и второ затоа што веќе не може да зборуваат дека некој друг управува со ВМРО-ДПМНЕ како што го правеа тоа години наназад“. Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мелиса Ценовска Серафимовска, член на ЦО на СДСМ, која претходно денеска нагласи дека „ДПМНЕ се распаѓа“.

„Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски.Во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ и сам да си ги решава кавгите.
Мицкоски е бледа копија на Груевски. Политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него“, изјави Ценовска Серафимовска.
22.09.2023 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега