ВМРО-ДПМНЕ распишува оглас за избор на претседатели на повеќе општински комитети

ВМРО-ДПМНЕ на состанок на Извршниот комитет донесе одлука за распишување оглас за избор на нови претседатели на општинските комитети во Берово, Босилово, Богданци, Делчево, Дојран, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше, Ново село, Прилеп, Радовиш, Струмица, Василево и Куманово.

Како што информираат од партијата, Извршниот комитет донел и повеќе кадровски одлуки како дел од катарзата во ВМРО-ДПМНЕ најавена од претседателот Христијан Мицкоски.

Владимир Нелоски е именуван за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев за меѓународни секретари на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет донесе одлука за именување на Иванка Василевска за координатор на централните комисии при ВМРО-ДПМНЕ, а Игор Здравковски е именуван за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

„Извршниот комитет изрази загриженост за состојбата во Република Македонија со корона-пандемијата, за која се констатираше дека е алармантна и актуелната Влада потфрли во секој поглед. Извршниот комитет уште еднаш констатираше дека СДСМ и Зоран Заев вршат неправди, реваншизам и насилство од мафијата предводена од Заев врз сопствениот народ и со тоа ја потврди одлуката за денешниот протестен собир за искажување револт кон актуелната власт. Мафијата на Заев донесе насилство, прогон, криминал и корупција, а граѓаните ги доведе до раб на сиромаштија“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата нагласува дека кадровските освежувања и доекипирања ќе продолжат и во периодот кој следи,  со цел конечно доекипирање и рушење на, како што велат, ненародната и криминална власт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега