ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски како Дончев и Димова поднесоа оставки, потребна е судска разврска за нивните скандали

 

Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ за оставката на Драги Рашковски.

 

– Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку САРХЕМС, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда. Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат. Зоран Заев очигледно сака своите соработници кои се до гуша заглавени во криминали и корупција да ги спасува само со оставки. Така беше случајот со ден Дончев и Лидија Димова, така е и сега со случајот на Драги Рашковски – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2021 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега