ВМРО-ДПМНЕ протестираше и во Битола - „Македонија се буди, се ближи крајот на лошите политики на Заев“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше во повеќе градови, меѓу кои и Битола откако премиерот Зоран Заев даде контроверзно интервју за БГНес.

Членот на Извршниот комитет на партијата, Владимир Ѓорчев рече дека поводт е незадоволството кое владее во Македонија од политиките на Заев.

-Значи, она што се случува во Македонија е навистина еден изворен и оправдан револт. Македонија никогаш не била попонижена. Македонија никогаш не била поопљачкана. И затоа Македонија се буди. Ова не е само партиски контекст, ова е општонароден контекст, ова се сите луѓе кои што силно, силно ја сакаат и ја љубат Македонија, рече Ѓорчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега