ВМРО-ДПМНЕ: Преведувачот по амбасади, Артан Груби е исплашен и нервозен, бидејќи се разоткрива неговиот криминал и енoрмно богатење

„Артан Груби е фатен жив за скандалот со купувањето на деловен простор на неговиот брат во центарот на Скопје по багателна цена.“-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Првиот вицепремиер Груби е испашен и нервозен бидејќи е фатен во чист криминал, па за тоа со сите сили врши притисоци во Јавното обвинителство за да не се отвори предмет за овој случај. Сепак институциите треба да се надминат и охрабрат и да истражат, како е возможно во строг центар на главниот град да се купи деловен простор од 127 метри квадратни за само 100 илјади евра. Или за 5 пати пoевтина цена од пазарната.-додаваат од партијата.

„Дали Груби добил повластена цена и која е причината за оваа повластица за првиот вицепремиер за деловниот простор кој го купил неговиот брат.

Исто така остана нејасно, а институциите мора да дадат одговор дали плаќањето било во кеш за да се избегне потеклото на пари или пак за некое друго ветување за стекнување на друга корист.

Очајничките обиди на Артан Груби за дефокус кои преку неговите интернет портали ги користи, не поминуваат. Јавна тајна е дека Груби има свои портали, кои претходно биле на негово име, за пресметка со неговите неистомисленици и политички противници.

Седиштето и центарот за координација на овие артанови портали е токму во министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Иако институциите со денови молчат за овој скандал, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во објавувањето на докази за енормното богатењето на фамилијата на првиот вицепремиер Артан Груби.

Во текот на денешниот ден ќе објавиме нови сомнeжи, но и дoкази за тоа како преведувачот од амбасада и неговото семејство станаа едно од најбогатите фамилии во државата.“-стои во нивното соопштение.

28.02.2023 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега