Close Menu
Press24
    Најново

    Тетовец продолжил со правдата на улица: Тепачка по завршување на судско рочиште

    17.03.2026 во 23:49

    Куманово: Пресретнати двајца дилери со „роба“ подготвена за пазарот

    17.03.2026 во 23:33

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тетовец продолжил со правдата на улица: Тепачка по завршување на судско рочиште
    • Куманово: Пресретнати двајца дилери со „роба“ подготвена за пазарот
    • Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате
    • Дневен хороскоп за 18 март: Младата месечина во Риби носи нови почетоци
    • Три знаци влегуваат во период на изобилство и успех
    • Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението
    • Чудо во Русија: Жена паднала од петти кат, станала и си заминала
    • Русија нема безбедни региони, предупреди Шојгу за украински напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ предлага законот за легализација на дивоградбите да важи до 2031 година

    ВМРО-ДПМНЕ предлага законот за легализација на дивоградбите да важи до 2031 година

    11.02.2026 во 14:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе предлог-закон по скратена постапка со кој се бара продолжување на важноста на Законот за постапување со бесправно изградените објекти за дополнителни пет години.

    Според актуелното законско решение, рокот истекува на 3 март 2026 година (за помалку од еден месец), што би значело прекин на сите тековни постапки. Пратеникот Бојан Стојановски на денешната прес-конференција предупреди дека без оваа измена, илјадници граѓани кои се заглавени во административни лавиринти или судски спорови би останале без можност да ги легализираат своите домови.

    „Со овој предлог се продолжува рокот до 3 март 2031 година. Се овозможува правна сигурност за општините да можат легално да ги завршат сите веќе почнати постапки“, изјави Стојановски.

    Тој потенцираше дека измената не предвидува поднесување на нови барања, туку се однесува исклучиво на старите предмети кои се веќе во процедура. Иницијативата доаѓа како одговор на барањето на ЗЕЛС, а законот нема да предизвика финансиски импликации врз буџетот.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29

    Дневен хороскоп за 18 март: Младата месечина во Риби носи нови почетоци

    17.03.2026 во 23:23

    Три знаци влегуваат во период на изобилство и успех

    17.03.2026 во 23:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.