ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ ги интересира само да им помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот на неговиот брат Вице

Во денешната реакција, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ за манипулација со граѓаните. Како што велат од опозицијата, пратениците на СДСМ ги интересирало само да помине законот за марихуана на Заев, за да му врви бизнисот на брат му Вице.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање за дополнување на дневен ред за расправа на комисијата за труд и социјална работа со барање за доставување на информации околу несреќата во Тетово. Претседателот на комисијата иако го стави на дневен ред ова барање, СДСМ гласаше против, со што не прифати да се зборува за несреќата во Тетово.

Пратеничката група на СДСМ постапи исто како Зоран Заев за кого несреќата е банална.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако ги исцрпи сите претходни механизми достави барање за формирање на анкетна комисија за случајот во Тетово“- се истакнува во писменото соопштение на партијата. 

Во него се додава дека четири години владејачкото мнозинство не било ништо друго освен гласачка машина на СДСМ и Зоран Заев. Ништо друго не ги интересирало. Како што истакнуваат од опозицијата, едноставно што ги интересирало биле тендерите, провизиите и бизнис зделките.

„Срамно и лицемерно е СДСМ да се повикува на маките и барањата на работниците, а од друга страна четири години да ги лаже, манипулира и замајува.

Заврши времето на лаги и манипулации.

Дојде време народот да одговори и да каже што мисли за СДСМ“-стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

 
24.09.2021 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега