СДС да не молчи, време е вистината за улогата на Башановиќ да излезе на виделина. СДС не смее да бега од одговори пред македонската јавност за улогата на нивниот ПР шеф, Зоран Башановиќ, во клучни политички и економски процеси. Дали Башановиќ бил посредник во чувствителни политички договори, вклучително и комуникацијата меѓу Зоран Заев и тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас околу промената на уставното име на државата?, прашува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
„Јавноста има право да знае дали Башановиќ бил инволвиран во бизнис-зделки во енергетскиот сектор и дали постојат врски со компании кои добивале значајни државни договори.
Дали компанијата на Колашинац “Зобек мининг гроуп” добила најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“ која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен била од Грција?
Фактот што Башановиќ е долгогодишен близок соработник на Заев отвора сомнежи за континуитет на истите структури и влијанија во рамки на СДС.
Јавноста очекува јасен одговор дали повторното ангажирање на Башановиќ во СДС е поврзано со некакви претходни финансиски обврски. Дали Заев му исплатил стари долгови на Башановиќ?
Дали Венко Филипче самостојно ја води партијата или е само продолжена рака на старите центри на моќ.
Молкот не е одговор. СДС има обврска транспарентно да излезе пред граѓаните и да ги расчисти сите дилеми. Граѓаните заслужуваат вистина, а не игнорирање на прашањата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


