ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски продолжува да се однесува како портпарол Заев

Стево Пендаровски продолжува да се однесува како портпарол Зоран Заев, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на Пендаровски за Канал 5.

-Денешното интервју на Стево Пендаровски докажа дека штетните политики на Зоран Заев продолжуваат преку неговите слепи послушници. Стево Пендаровски може да биде единствено аналитичар, но не и добар претседател на граѓаните на Република Македонија. Истиот тој во денешното интервју потврди дека со две раце ќе потпише се што ќе понуди Петков. Но, затоа Пендаровски нема решение за сите проблеми кои ги засегаат граѓаните како енергетската, економската и здравствената криза. Стево Пендаровски во историјата на Македонија ќе остане запаметен како претседател кој никогаш немал јасни ставови и позиции во однос на државата, се вели во реакцијата.

 

23.12.2021 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега