ВМРО-ДПМНЕ: Пајтон партиите ЛДП, ДС и ДОМ да престанат да бидат панцир за криминалната влада на Ковачевски водена од ДУИ

Пајтон партиите ЛДП, ДС и ДОМ да престанат да бидат панцир за криминалната влада на Ковачевски водена од ДУИ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалната влада на Ковачевски може да постои само доколку ЛДП, ДС и ДОМ и понатаму одлучат за неколку директорски места во јавната администрација да остават со државата да владеат луѓето на Заев и да го штитат неговиот криминал.

Како министри остануваат Оливер Спасовски и Љупчо Николовски, двајца чинители заради кои сме на врвот на листите за криминал и корупција во светот, а државата наместо Мека за инвестиции, стана Мека на криминалци, кои од тука веднаш добиваат пасош.

ЛДП, ДС и ДОМ со гласање и ставање себеси во влада на Ковачевски тие ги поддржуваат криминалите на СДСМ и ДУИ и работат на нивна заштита.

ЛДП, ДС и ДОМ да се одважат и доколку се против криминалот и корупцијата са гласаат против владата на пиунот Ковачевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

15.01.2022 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега