Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите

    02.04.2026 во 11:56

    Димитријевиќ: СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

    02.04.2026 во 11:49

    Димитијевиќ: Савевски работи по нарачка на Мицкоски, го спасува криминалниот имот на ВМРО-ОКГ

    02.04.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите
    • Димитријевиќ: СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески
    • Димитијевиќ: Савевски работи по нарачка на Мицкоски, го спасува криминалниот имот на ВМРО-ОКГ
    • Герасимовски: Бесплатни здравствени консултации во Центар на 6 април
    • Простор за спорт и рекреација – Завршен проектот за базенот во „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода
    • СДСМ: Ги фативме ВМРО-ОКГ живи со Дака од црната листа 
    • Мемов: Најголемо покачување на пензиите во последните 20 години во Македонија
    • Потврден првиот случај на птичји грип кај човек во Европа – заразен е повратник од Африка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите

    ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите

    02.04.2026 во 11:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку посакуваната правда. Очигледно времето за кое зборувала, важело само доколку исходот од изборот е по нејзина мерка. Во моментот кога институциите постапија согласно закон и не ја потврдија нејзината кандидатура, истата таа визија за силно и независно обвинителство одеднаш исчезна и се замени со наратив за наводни притисоци и загрозен интегритет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Па тука, легитимно се поставува прашањето, дали принципите важат само кога носат личен напредок и дали борбата против криминал и корупција е кредибилна ако завршува таму каде што почнува нејзиното лично разочарување?

    Ристоска зборува за ослабување на институции, но токму таа беше дел од тоа и ваквото однесување со условување на сопствениот ангажман со функција е суштинскиот проблем, кој со години ја уништува довербата во правосудниот систем. Наместо континуитет и професионализам, сведочиме на селективна принципиелност, каде во изјавата на Ристоска се вели дека институциите се добри кога одлуките се во наша корист, а лоши кога не се. Особено е индикативно што одлуките кои ги критикува, доааѓаат во момент кога конечно се воспоставува ред и се применува правото, без привилегирани толкувања од тесен круг на поединци кои со години се обидуваа да го монополизираат јавниот интерес.

    Ристоска беше дел од истото СЈО кое беше водено од рекет дружината на Катица Јанева, кои дрпаа народни пари на име хонорари од СЈО и кое прерасна во машина за политички прогон. Само треба да се проследи изјавата на обвинителката Лејла Кадриу, која сведочи за тоа дека Заев и Шеќеринска лично оделе навечер во СЈО на Катица, Ленче и Лиле Стефанова и селектирале предмети за политички прогон.

    Јавноста има право да знае, дали оваа оставка е чин на принципиелност или политички перформанс насочен кон градење личен наратив на жртва. Вистинската борба за владеење на правото не завршува со избор или неизбор на функција, таа почнува токму тогаш.  Наместо декларативни заложби, на институциите им се потребни луѓе кои ќе работат доследно, без оглед на личниот исход. Се друго е само уште една потврда дека за дел од нив правдата била прашање на позиција за контрола, а не на принцип“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите

    02.04.2026 во 11:56

    Димитријевиќ: СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

    02.04.2026 во 11:49

    Димитијевиќ: Савевски работи по нарачка на Мицкоски, го спасува криминалниот имот на ВМРО-ОКГ

    02.04.2026 во 11:45

    Герасимовски: Бесплатни здравствени консултации во Центар на 6 април

    02.04.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.