ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Филипче е решение, граѓаните не се должни да страдаат поради неговата неспособност

 

Заев и Филипче ги турнаа граѓаните во бездна, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција.

„Секојдневните огромни бројки на новозаразени и починати од КОВИД-19 се загрижувачки. Наместо Филипче и Заев да преземат мерки за да се запре бројката да расте тие тераат ПР.

Власта да се грижеше за граѓаните немаше да ги намали за 62% средствата за капитални инвестиции во јавното здравство. Недостатокот на инфраструктура во здравството е последица на намалените средства за инвестиции.

Владата на Заев очигледно дека не знае како да се справи со ситуацијата, затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните.

Бараме веднаш да бидат ослободени хронично болните, да се воведат бесплатни тестирања за здравствените работници и за просветните работници бидејќи секојдневно се во контакт со граѓани, и да се формира специјална КОВИД комисија.

 

Не се должни граѓаните да ја трпат неспособноста на Заев и Филипче. Владата докажа дека не знае да даде одговор на кризата, покажа дека не само што не е кадарна туку и има незнаење.“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.11.2020 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега