ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Заев и Филипче закопа 1.084 невини граѓани

Неспособноста на Заев и Филипче закопаа 1.084 невини граѓани, пишуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес конференцијата на Министерот за здравство Венко Филипче.

Од партијата прашуваат дали министерот геноцид Филипче има грижа на совест?

„Филипче на душа ќе носи 1.084 починати. Додека Филипче држи банални и бледи прес конференции и си продолжува со портпаролска работа, граѓаните умираат дома или по пат до болница. Филипче ветуваше монтажни болници, за да денес граѓани се лекуваат сами по дома, по ходници и дворови на болниците.

Срамота, во 21 век граѓаните се третираат како робови, а преку ред се тестираат функционери.

Граѓаните се доведени во состојба ако сакаат да се тестираат од КОВИД-19 да дадат пари по приватни лаборатории, а ако немаат пари да умираат, бидејќи во јавно здравство нема термин за тестирање ни за лек.

Ова ли е здравството кое Заев и Филипче ќе го донесеа на голема врата?

Ова ли е европското здравство на Филипче и Заев?

 

Филипче оди си! Филипче колку повеќе седиш на министерско место само штета нанесуваш на граѓаните!“ стои во реакцијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега