Венко Филипче, верен чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС заедно неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега.
Да му објасниме што значи тоа.
Прво, нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија.
Второ, има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби Филипче со неговиот ментор Заев работел така па мисли сите работат тајно и криминално.
Оттука, Филипче нека се свести и нека се фати за неговата примарна задача, а тоа е да ја оттргне СДС од Заев, поточно да се огради јасно од неговите криминални бизнис врски, криминални зделки и слично.
Надлежните институции во правосудството треба да постапуваат по се што е изведено во јавноста како информација, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.


