Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски му ја честиташе победата на Пeтар Маѓар во Унгарија.

Честитки до @magyarpeterMP за изборните резултати. Граѓаните на Унгарија го кажаа своето мислење, и нема ништо поважно од демократската волја на народот.

Ги цениме силните билатерални односи изградени низ годините и со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата соработка – заснована на меѓусебна почит, партнерство и нашата заедничка европска иднина, напиша Муцунски на Икс.

Exit mobile version