ВМРО-ДПМНЕ на протест во Струга: Решете го проблемот со депонија, стружани не заслужуваат да дишат загаден воздух

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест и во Струга под мотото „Загадувањето убива кога власта е неспособна-Стоп за депониите“ и ја посочија дивата депонија која е еден од најгорливите проблеми за стружани.

На протестот беше потенцирано дека на депонијата секојдневно се палат секакви ѓубрива, вклучувајќи го и медицинскиот отпад кој е навистина загрижувачки факт во овие тешки времиња на пандемија, предизвикана од КОВИД- 19.Имено беше укажано дека кога честичките од дивата депонија ќе се помешаат со смртоносниот вирус ги влошува и отежнува условите за живот на стружани.

Стружани на протестот прашаа дали тие го заслужуваат ова и дали нивните деца го заслужуваат тоа?

-Вреди ли секојдневно да се контаминира струшкото земјиште, а стружани да се измачуваат уште повеќе, како да им е малку секојдневиот стрес и страв од големиот број на заболени и смртни случаи од КОВИД-19?Ставете им еднаш крај на лагите, зошто народот скапо ги плаќа. Имајте чест и доблест, одважете се и решете го проблемов, како што имавте храброст во 2016 година да ветувате дислокација на депонијата, беше посочено на овој протест.

 

Стружани порачаа дека апелираат и бараат да се изнајде решение веднаш и да се дислоцира дивата депонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.11.2020 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега