ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на институциите објаснува се, Ковачевски е на врвот од пирамидата на печалење на болните од рак

 

 

„Молкот на институциите објаснува се, Ковачевски е на врвот од пирамидата на печалење на болните од рак.“- велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Институциите со денови молчат, крадени се цитостатици во организирам облик со години, направен е долг од 20 милиони евра на Клиниката за Онкологија, има сведоштва од жртви и членови на семејствата на жртвите, а ЈО ништо не презема.

На целосно јасен случај, со сведоштва и оштетени, ниту едно лице не е во притвор, а случајот се развлекува.

Сосема јасно е дека врвот на власта е вмешан, зошто во спротива би молчеле институциите?-додаваат од партијата.

„Одговорност за случајот „Онкологија“ мора да има и ќе има, без разлика колку и сега власта да опструира, по промената на власта сите кои печалеле на сметка на животите на граѓаните ќе треба да одговараат“.- стои во соопштението.

10.09.2023 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега