ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за култура да имаше две чисти ќе знаеше дека најзначајните дела во македонската култура се со историски наратив

 
Скандалозната изјава на  министерката за култура со која најавува цензура на културното творештво не е ништо друго освен спроведување на Протоколот на дело. Министерката позната на пошироката јавност како Скафандер меѓу редови им порача на уметниците да не творат на историски теми бидејќи тоа е враќање кон мрачни времиња и дека историјата била затвор која не ни давала напредок, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Да имаше две чисти од културата оваа министерка ќе знаеше дека најзначајните дела во македонската култура се направени токму на историскиот наратив. Затоа министерката за култура треба да си ги спакува куферите и да си замине од таа позиција, бидејќи и од скафандер министерка да е, премногу е!
 
Тоталитаризмот и цензурата која се обидува Костадиновска Стојчевска да ја направи е резултатот на капитулантската политика на владата на Ковачевски“, велат од партијата. 
 
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Костадиновска Стојчевска секое дело во уметноста и културата кое нема да им биде по ќеф на Бугарија ќе треба да го игнорира и да не му дава државна помош. Ова е понижувачки и срамно, а изјавата на скафандер министерката е жива бедотија. Бидејќи на Костадиновска Стојчевска не и се допаѓа македонската култура, се срами и ја навредува македонската уметност, најмалку што може да направи е да си поднесе оставка.
08.08.2022 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега