ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерната СДС во Влада купува леб по цени 30-100% повисоки од цените кои самата ги пропишува, глуми спасител откако дозволи огромни поскапувања на основните производи

„Лицемерието на криминалната власт на СДС нема крај и додека безобразно ги крадат и се расфрлаат со парите на граѓаните, лажат дека се грижат за нивниот стандард.

Се што им се врти во главата е како да профитираат, па така за нив не важат прописите и во влада се набавува леб 30-100% поскап.“-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зборуваат за цени од 33 денари, а Службата за општи и заеднички работи при Влада во втората половина од минатата година склучила договор за набавка на бел леб по цена од 41,4 денари за 450 грама. Но да биде лицемерието на овие криминалци поголемо, белиот леб со продолжен рок кој што го плаќаат за 75,6 денари за 450 грама.

Доколку власта навистина мислеше на граѓаните ќе размислуваше за цените уште пред една година кога намерно дозволи основните производи да поскапат за 50, 100, а некои и за 150% и со тоа да се отвори спиралата на поскапување на се и сешто. Една година ги оставија граѓаните да плаќаат повисоки цени и тоа доволно говори дека токму СДС и ДУИ се на страната на профитерите, односно дека и самите се профитери.-додаваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС се единствената партија на власт која може да глуми спасител на криза која самата ја создаде и на инфлација од речиси 20% односно двојно повисока од таа во еврозоната.

Колку СДС се грижи за стандардот на граѓаните говори и фактот дека минималната кошничка за едно семејство стигна до неверојатни 51.000 денари, што значи едно семејство со две минимални плати не може да го преживее месецот, а не може да си ги плати ни сметките за струја која оваа власт ја поскапува трета година со ред.

Каква е грижата на СДС за граѓаните покажува и фактот дека има нови 13.000 сиромашни од кои 5.000 се деца.

Токму погрешните и лоши политики на СДС и ДУИ доведоа до поголема сиромаштија, огромен раст на цените на пазарот и лебна криза за прв пат во историјата на независна Македонија.

Затоа овие криминалци мора да си заминат за да може да запре осиромашувањето на граѓаните.“-стои во нивното соопштение.

04.03.2023 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега