ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е безгласна буква која само ја чува фотелјата за кадарот на ДУИ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека премиерот Димитар Ковачевски е само чувар на премиерската фотелја за кадарот на ДУИ.

-Плејстејшн политичарот Ковачевски де го вклучуваат, де го исклучуваат од функција. Изјавата на министерот Османи покажа дека Ковачевски е само чувар на премиерската фотелја за кадарот на ДУИ. Како привремен вршител на должност, Ковачевски само ќе чека кога газдите ќе му кажат дека треба да ја напушти функцијата. Ова е понижувачки и за СДС. Впрочем СДС и Ковачевски се претворија во безначаен коалициски партнер кој ги аминува политиките на ДУИ. Ниту се спротивставија, ниту ќе се спротивстават. Никаде го нема ни да писне Ковачевски за скандалот со деловниот простор на братот на Груби. Никаде го нема Ковачевски да писне за злоупотребите на Бујар Османи на службени возила. Никаде го нема Ковачевски да писне за лошата економска политика водена пред се од кадрите на ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, премиерот бил безгласна буква, која како што велат, кога веќе не може да се спротивстави на беззаконието, само му се приклучи. 

19.03.2023 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега