ВМРО-ДПМНЕ: Кога Христијан Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ цената на струјата беше во континуиран пад

Цената на струјата никогаш не била повисока. Со СДСМ граѓаните плаќаат најскапа струја до сега, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата реагираат и велат дека за разлика од сега со СДСМ во време кога Христијан Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ цената на струјата беше во континуиран пад.

„СДСМ 4 години нема ништо направено за енергетиката, а ВМРО-ДПМНЕ има инвестирано над 300 милиони евра.

Христијан Мицкоски го остави ЕЛЕМ со 25 милиони евра депозит и 6.8 милиони евра на сметка, со сите тековни обврски подмирени. Сега претпријатието нема ниту денар на сметка.

Енергетиката со СДСМ на чело на владата пропаѓа.“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега