ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да преземе иницијатива и да го истражи случајот со куќите во Тафталиџе на новите владини партнери Таравари и Меџити

Која е цената за опстанок на владата  на Ковачевски - 2 куќи во Тафталиџе 2 за Таравари и кумот Меџити кандидат за министер за здравство?, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека првиот човек на Алијанса за Албанците во 2021 година пријавил дека купил куќа за 150.000 евра.

- Тоа не е спорно, ако не се види куќата и локацијата. Имено станува збор за куќа во елитната скопска населба Тафталиџе, од 260м2, каде квадратот за станбена површина оди од 1500 до 2000 евра. Кога ќе се направи едноставна математика куќата на Таравари чини и до половина милион евра. Откако ќе се утврдат фактите дека куќата на Таравари вреди и до половина милион евра, се поставува прашањето кој има интерес и зошто да продаде куќа за 150.000 евра и со тоа да загуби 350.000 евра?, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, веднаш спроти куќата на Таравари, куќа има неговиот кум Фатмир Меџити, предлог за министер за здравство.

-Како Таравари и Меџити се стекнале со своите две куќи купени во последните година ипол и дали тие се дел од политички пазар? Дали преку политичка корупција Ковачевски и Груби го внесоа Таравари во влада? ЈО да не биде посматрач на работите, туку да преземе иницијатива и да го истражи случајот со куќите во елитната скопска населба Тафталиџе на новите владини партнери Таравари и Меџити, се вели во дописот.

 

26.02.2023 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега