ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат

„На сите им е јасно веќе, дека уставни измени под бугарски диктат, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи, потребни се брзи избори“. Овој став го повторуваат и утрово од најголемата опозициска партија преку соопштение до медиумите.

Во него потенцираат дека и на врапчињата веќе им било јасно дека уставни измени, како што се наведува, под бугарски диктат, немало да се случат оти ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи.

„На оската ДУИ, СДС и Груевски, не им успеа ни последниот план, кој беше осуетен на време и спречен, каде имаше тргување со амнестија, со што се одбранија националните интереси на Република Македонија.

За да не се троши повеќе времето на граѓаните и државата, потребни се брзи избори, каде народот ќе си го каже својот став по ова прашање, само така е одговорно и доследно да се направи“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

24.09.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега