ВМРО-ДПМНЕ и утре ќе го блокира Скопје
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и утре ќе ги блокира улиците пред Влада и Министерствата за надворешни работи за правда.
Како што соопшти лидерот на партијата, Христијан Мицкоски преку Фејсбук, блокадата ќе трае од 17 до 18 часот.
-Го предупредуваме македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара. Да не молчиме. Бараме оставка на Заев, слобода на народот, напиша Мицкоски.
Продолжуваме утре повторно со блокада на Владата, МНР и Министерство за правда, од 17 до 18 часот. Го предупредуваме...
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 2 December 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа