ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот го создаде СДС,Спасовски пред заминување не обезбедил обрасци

 

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение по повод хаосот создаден од прекинот на важноста на личните документи на граѓаните.

Во соопштението велат: „Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните исправи. Првото понижување владата на СДС и Ковачевски го направи со промена на уставното име. Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки.

Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува. Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи?

Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски?

Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат. Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци?

Дополнително, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира.

Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски не обвинува дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДС.

Мора да се стави на овој хаос. Колку побрзо заминат СДС и ДУИ, толку подобро“.

12.02.2024 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега