ВМРО-ДПМНЕ: Ги видовме платите на министрите кои се за три пати повисоки од просечните, сега да видиме до каде се постапките за криминалите на тие министри
Додека пола милион граѓани живеат со 2 евра на ден видовме дека Заев и неговите министри земаат по три просечни нето плати месечно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека сега, откако се виделе платите на министрите, треба да се види до каде се постапките за криминалите на тие министри заглавени во државните лавиринти.
-Да се разјасни до каде е аферата „Leonardo will win“ на Рашкоски, каде се парите на рекетот кои завршија според сведочењето на осудениот Јовановски кај Зоран и Вице Заев, аферата „Дака и панамските пари за 2000 стана во Тетово“, аферата „Иловица и бугарските врски на Заев“, и редица други криминали. Меѓу другото ја повикуваме владата на централно и локално ниво да ги објави членовите на управни и надзорни одбори кои земаат илјадници денари паушали на грбот на народот, се наведува во соопштението на партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа