ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите на СДСМ и ДУИ се шетаат со дипломатски пасоши - граѓаните затворени

 

Пратениците од СДС и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста за пасошите, ако не нека се откажат од дипломатските пасоши, со кои се привилегирани додека народот е затворен, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС и ДУИ заглавија над 1 милион луѓе во Македонија.

СДС и ДУИ знаеја за рокот за промена на пасошите и со години молчат и не преземаат акција. Напротив, 2 и пол години издавале пасоши за кои знаеле дека важноста ќе помине пред истекот на датумот впишан на самите исправи.

И СДС и ДУИ се комотни и не се вознемирени, затоа што додека народот е затворен во државата и му е оневозможено движење, тие како пратеници и државни функционери со дипломатски пасоши можат да патуваат каде сакаат, без разлика дали пасошите се нови или стари.

Ако СДС и ДУИ не гласаат за продолжување на важноста на пасошите, тогаш чесно е сите нивни пратеници и функционери да се откажат од дипломатските пасоши, а не додека народот страда, тие да ги користат привилегиите на позициите. Со право народот вели дека немаме држава, и таа треба да се врати - стои во соопштението на опозициската партија

22.02.2024 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега